Џорџ Расел го комплетираше извонредниот викенд во Баку со победа на трката за Големата награда на Азербејџан, откако вчера беше најдобар и во квалификациите кои беа увертира за денешната главна трка.
Возачот на Мерцедес издоминира од почеток до самиот крај, па иако во завршните десетина круга зад себе имаше голем шампион зад себе, успеа да одолее и да не дозволи напад на Макс Ферстапен.
Четирикратниот светски шампион беше бесен по крајот на вчерашните квалификации и жалеше што не ја искористил брзината која ја има Ред Бул на оваа патека, но затоа денеска брзо успеа да надокнади неколку позиции, па на крајот дојде во ситуација да се надева и на победа.
Макс напредуваше од осмата до втората позиција, но иако имаше меки гуми, во финишот остана без доволно потребна брзина за да го нападне Расел.
Одличниот викенд за Ред Бул го потврди и Исак Хаџар кој заврши трети, а Шарл Леклер мораше да се задоволи со четврто место денеска во Баку. Возач кој најмногу ја намали штетата денеска дефинитивно беше Кими Антонели, кој од 16-то место стигна до петтото и освои важни бодови во битката за титулата.
Од шестото до десеттото место денеска завршија уште Хамилтон, Линдблад, Окон, Берман и Саинц.








