Пристигна појаснувањето: Судиите не гледале ВАР за да го поништат голот на Холандија!?

Точка

21/06/2021

21:38

14.773

Големина на фонт

а а а

Македонија со пораз од 3:0 од Холандија се прости од ова Европско првенство.

Нашата репрезентација во последниот меч на ова ЕП излезе со отворен гард против апсолутниот фаворит во групата, па нашите репрезентативци имаа неколку шанси и моменти кога беа рамноправен противник на теренот, но Холанѓаните се тие кои на крајот се радуваат на убедлива победа.

Сепак, доста спорен беше првиот гол на Холандија. Имено, при прием на топката, Горан Пандев беше жестоко фаулиран од зад грб од страна на Дејли Блинд. Судијата по ова не се огласи, Холанѓаните повлекоа страшна контра, а на крајот Мемфис Депај ја затресе мрежата на Столе Димитриевски.

Тоа се случи на самиот старт на контранападот на „лалињата“, односно на самиот раб на шеснаесетникот на противникот, но судијата остана нем и остави да продолжи акцијата. По погодокот на Холандија, реагираше ВАР собата која ја проверуваше ситуацијата, но не даде знак за нешто нерегуларно и дозволи нашите фудбалери да тргнат од центарот.


Навистина чудна одлука која предизвика зачуденост кај многумина, а сега има и официјално објаснување зошто голот на Мемфис Депај на крајот беше признат.

Имено, според најновите правила при прегледување на снимката во ВАР собата, првичната одлука на судијата секогаш останува на сила доколку не се досуди прекршок, освен во случај ако има потреба за картон.

Тоа значи дека во ВАР собата се прегледуваше ситуацијата со прекршокот над Пандев, но не дали постои прекршок, туку дали ситуацијата е за жолт картон. Очигледно судиите во ВАР собата процениле дека стартот не е за картон, па така голот остана на сила, што не значи дека потегот на Блинд не требаше да биде санкциониран за прекршок, а во таква ситуација главниот судија Иштван Ковач е виновникот што не досуди прекршок и им овозможи на Холанѓаните да поведат при една навистина спорна ситуација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг