Во Хрватска 113 нови случаи на коронавирус, три лица починаа

Макфакс

18/06/2021

13:11

1.651

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 113 нови случаи на коронавирус, тројца пациенти починаа, а бројот на активни случаи е 700.

Меѓу нив, 313 пациенти се лекуваат во болница, од кои 25 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на коронавирус во Хрватска, регистрирани се вкупно 359.031 заразени, од кои 8.168 починале, а оздравеле 350.163 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг