Камерите снимиле застрашувачки момент на Хималаите: Планинарите застанале да се одморат, а потоа се покренала огромна лавина

Точка

12/06/2021

19:15

5.490

Големина на фонт

а а а

Камерите снимиле застрашувачки момент кога лавина паднала од врвот на Хималаите и се упатила кон логорот каде што била сместена група планинари, во Непал.

За среќа, избегнале да бидат потрупани со снег. Се формирал огромен бел облак, но лавината сепак била со намален интензитет пред да стигне до шаторот.

Никој не е повреден, а групата претпазливо го пребарувала теренот.

Водичот на групата, Пембо Гјалтсен рекол дека тие само што дошле од планината Нустпе и застанале да се аклиматизираат кога започнала лавината.

„Нѝ олесна кога видовме дека не може да стигне до нас и дека сме безбедни“, рекол тој.

Во 2016-та година, 16 непалски водичи загинале во лавина која се смета за една од најсмртоносните несреќи на Хималаите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг