8 најдолговечни раси на кучиња: Нив во гените им е „впишан“ долгиот животен век

Точка

15/05/2021

14:05

14.175

Големина на фонт

а а а

Експертите велат дека овие раси на кучиња можат да живеат подолго за разлика од останатите кучиња.

На животниот век на кучињата влијаат бројни фактори – од условите во кои живеат, негата, хигиената, исхраната, па до нивната физичка активност.

Од друга страна пак, на некои од кучињата во гените им е впишан животниот век.

Еве за кои раси на кучиња станува збор:

1. Малтезер


Овие мали, бели кучиња вообичаено живеат по 15 години. Најстариот малтезер доживеал дури 20 години.

2. Бигл


Биглот живее од 15 до 20 години. Официјално најстариот бигл угинал во 2009 година и имал 27 години.

3. Јазовичар


Минијатурните јазовичари живеат од 12 до 16 години, а вообичаено нивниот животен век е од 12 до 14 години. Најстариот јазовичар доживеал 21 година и се впишал во Гинисовата книга на рекорди.

4. Ши цу


Кучиња познати по долгите влакна во просек живеат од 12 до 16 години.

5. Пудлица


Постојат три вида на пудлици. Тоа се мали или пак „тој пудлици“, средни и големи – кралски пудлици. Денес најчести се минијатурните – тие живеат од 12 до 14 години. Интересно е дека големите пудлици во просек живеат од 12 до 15 години.

6. Бостонски териер


Овие мали, паметни и секогаш подготвени кучиња многу сакаат да си играат. Млади се во срцето, а живеат околу 15 години.

7. Чивава


Чивавата е најмалата признаена раса на кучиња во светот. Потекнуваат од IX век, а ги обожувале жителите на Централна Америка. Со оглед на нивната големина, не се идеален избор за семејство со мали деца. Во просек живеат д 14 до 18 години.

8. Мопс


Со своите крупни очи овие кучиња спаѓаат во најсмешните раси. Можат да бидат потешки за одржување кога станува збор за нивната хигиена и здравје, но љубителите на овие симпатични кучиња не се грижат премногу за тоа. Нивниот животен век е од 13 до 15 години.