Славната убавица објави фотографија без грам шминка – луѓето тврдат дека многу се променила: „Што ти се случи со лицето?“

Точка

13/05/2021

11:20

4.859

Големина на фонт

а а а

Пејачката Џесика Симпсон во јули ќе го прослави својот 41-ви роденден, но неодамна на социјалната мрежа Инстаграм објавила селфи фотографија без шминка на којашто јасно се гледа колку всушност е млада.

Но, без оглед на фактот што има блескава кожа без брчки, оваа дама добила и многубројни критики.

Очигледно дека пандемијата на коронавирусот придонела во една работа, а тоа е жените ширум светот генерално да се опуштат, па сè повеќе тие се насочени кон носењето на лежерна облека, а наместо многу шминка акцентот се става на негата на кожа.

Токму поради тоа таквите селфи фотографии ги има во изобилство на социјалните мрежи.

Џесика храбро со својата публика споделила фотографија на којашто е целосно природна, во утринско издание и без грам шминка на себе.

И, додека многумина ѝ упатиле многубројни позитивни коментари, пејачката се соочила и со негативните коментари – многу од нејзините следбеници тврдат дека изгледа целосно различно од претходно и дека „нешто ѝ се случило со нејзиното лице“.

„О, па што ти се случило со лицето?“, „Не изгледаш како претходно воопшто“, „Ова не е Џесика. И не, немојте да ми кажете дека луѓето стареат“, „Зошто си направила пластични операции, тоа не ти беше потребно“, „Што им се случи на твоите усни?“, се само дел од коментарите.

Да ве потсетиме, Џесика минатата година ослабнала повеќе од 45 килограми, а атрактивната русокоса во текот на својата трансформација имала помош од тренерот Харли Пастернак којшто ѝ помогнал да направи план за исхрана и вежбање за да може да се чувствува подобро во својата кожа.

„Не планиравме никакви екстремни диети ниту пак програма со радикално вежбање. Се договоривме дневно да правам најмалку по 12.000 чекори, секој ден пред да легнам во кревет. Потребни се и седум часа сон и барем еден час дневно поминат без технологија“, изјавил Пастернак.

Исто така, таа три пати неделно вежбала по 45 минути, а покрај тоа се придржувала до едноставна диета која вклучувала три оброци и две ужини на ден. Исхраната била базирана на внесување протеини и намирници богати со растителни влакна во организмот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг