VEMILK кефир - тајната за добро здравје и балансиран живот

Точка

12/05/2021

17:46

8.535

Големина на фонт

а а а

Човекот е најсреќен кога е здрав, а градењето на здрави навики во семејството, помага за правилен раст и развој, добро здравје, хармонија и среќа. Односот кон храната кој го има поширокото семејство станува основен модел по кој се водат децата уште од најрана возраст.

Главни фактори за одржување на човековото здравје се пробиотиците, кои се наоѓаат во цревната флора на човекот. Постојат над 400 видови, а истите се делат на „добри“ и „лоши“ бактерии и микрооранизми. Пробиотиците помагаат во зајакнување на имунитетот и дигестивното здравје, како и во борбата против бактериските инфекции.

Кефирот е млечно кисел производ, кој многу често се нарекува и пријател на балансираната исхрана. Најдобриот пријател на вашето тело, помага за одржување на доброто здравје. Кефирот е богат со пробиотици и содржи три пати повеќе добри микроорганизми од јогуртот, а се смета дека е традиционален лек кој ја подобрува работата на дигестивниот тракт.


Мешавина од ферментирано млеко, кефирни култури и пробиотски габички се основата на овој напиток, кој содржи голем број на витамини - А, Б1, Б2, Б6, Б12, Д, минерали - калциум, калиум, магнезиум и фосфор, како и природни протеини. „Добрите“ бактерии кои ги соджи кефирот помагаат во уништувањето на „лошите“ бактерии и го одржуваат имунитетот на највисоко ниво.

Како влијае кефирот во балансирањето на исхраната и одржувањето на добриот животен стил?

Нутриционистот Емилија Спасовска Мојсовска даде сопстевно мислење од професионално гледиште за придобивките од консумација на VEMILK кефирот.


„Многу научни истражувања покажуваат дека кефирот, како пробиотик добиен со процес на ферментација, помага во одржување на цревната микрофлора. Содржи многу хранливи состојки како биотин и фолат кои помагаат на имунолошкиот систем и пружаат заштита на клетките.Од многуте пробиотици кои се содржат во кефирот најистакнат е Lactobacillus kefir кој помага во одбрана од штетни бактерии како салмонела и ешерихија коли.“ посочи Емилија.

Исто така, таа издвои и неколку превентивни и терапевтски ефекти кои ги има кефирот врз целокупното здравје на човекот:


- Антибактериско и имуномодулаторно својство
- Детоксикација на целиот организам
- Регулација на гликозата и холестеролот во крвта
- Зајакнување на коските и спречување појава на остеопороза
- Претставува нискокалоричен извор на протеини со што овозможува ситост
- Третман за синдром на иритабилен колон и за чирови во дигестивниот тракт кои се предизвикани од инфекциите со бактеријата Helicobacter pylori.
- Позитивен ефект при воспалителните процеси кои предизвикуваат алергии и симптоми на астма
- Помага при отежнато празнење на цревата
- Позитивно влијае при депресија и анксиозност, стимулирајќи го лачењето на хормонот на среќа (серотонин).
- Помага при третман на акни, псоријаза и егзема поради соржината на алфа хидрокси киселината


Млекарата VEMILK се труди секогаш да понуди најдобри, најквалитетни и најздрави производи на своите потрошувачи, па водејќи се според тоа, својата понуда ја надополнува со новиот, домашно производен VEMILK кефир. Напитокот е со уникатен и освежителен вкус и гарантира неодоливо искуство и задоволство.

Кефирот како пијалок може да се користи за превенција на широк спектар на болести. VEMILK кефирот, како прв македонски кефир, со богатите витамини и специфичните „кефирни култури“ кои ги содржи, исто така е погоден и за луѓе кои имаат нетолеранција на млеко.


Новиот производ VEMILK кефир може да се најде во сите доброснабдени маркети и колонијални продавници низ Македонија. За повеќе информации за новиот кефир, како и за останатите производите на VEMILK, посетете ја веб страната https://vemilk.com/ или фан-страната на Facebook https://www.facebook.com/Vemilk.mlecno.vkusno/

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг