Заев: Моите и аргументите на инспекторите ќе бидат презентирани на седницата на Влада, па ќе биде донесена одлука за Пауновски!

Точка

27/04/2021

11:54

1.868

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев потврди дека веќе ги слушнал ставовите на инспекторите на Државниот пазарен инспекторат кои застанаа во одбрана на нивниот директор Стојко Пауновски и најави дека одлуката околу разрешувањето на првиот човек на ДПИ ќе биде позната денеска.

„Нивните аргументи ќе ги презентираме во Влада, и Владата ќе донесе одлука за Пауновски. Јас ќе оставам Владата да одлучи. Ќе ги кажам моите ставови, ставови на вработените во ДПИ, на Стојко Пауновски, ќе ги кажам сите аргументации на одговорно владеење. Зборувам и за предлог за разрешување, и предлог на останување. Важно е да се почитува законот, одлуките, ефикасност во работењето и да има етички пристап во нашето делување“, изјави Заев.

Сепак, премиерот посочи дека целта на постапката против Пауновски е да се испрати пораката дека законот мора да се почитува. Објасни и дека телефонски разговарал со Пауновски во петокот.

„Дека бил добар човек, го унапредил работењето на Пазарниот инспекторат. Сфатив дека имаат колегијален однос, но и дека има одредени слабости кои ги имаме и сите други. Приложија документи, сакам да ги видам, за да се изјаснам. Коалицискиот партнер нема никакво барање за разрешување на Стојко Пауновски. Од 10 дена да се инатите 7 дена, не е дозволиво. Во четвртокот минатата недела, не можев да го добијам. Следниот ден имав вратка од директорот. Стојко Паунвоски е политички поставен за директор на Пазарниот инспекторат. Тој е еден од моите први партиски соработници. Ние имаме однос, не ни треба ништо посебно. Каква и да биде одлуката, соработката ќе продолжи. Во прашање е принципот“, додаде Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг