Секоја држава самостојно ќе одлучува за примената на „АстраЗенека“

Макфакс

08/04/2021

08:58

420

Големина на фонт

а а а

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача секоја земја самата да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „АстраЗенека“ постои ризик од згрутчување на крвта.

„Ние се обидовме да обезбедиме што е можно повеќе информации за придобивките и ризиците што ги идентификувавме, и врз основа на тоа, но и земајќи ја предвид моменталната состојба со пандемијата и можноста за набавка на други вакцини, државите можат да донесат различни одлуки за вакцината „АстраЗенека “, изјави директорката на ЕМА, Емер Кук.

Во изминатите десет дена неколку земји, меѓу кои и Македонија, ја забранија употребата на „АстраЗенека„ за лицата под 60 или 55 години, со очекување дека конечната одлука ќе ја донесе ЕМА. Во Франција веќе се поднесени првите тужби поради смртта на луѓе по примањето на вакцината „АстраЗенека“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг