Рајски одмор меѓу тиркизното море и розовите плажи: Во Европа ги има само 4, која од која поубава

Точка

07/04/2021

18:16

6.580

Големина на фонт

а а а

Две плажи со специфична боја на песокот се наоѓаат во Грција, една во Шпанија и една во Италија.

Некој сака бескрајно долги бели песочни плажи, некој обожува да лежи на црн песок, некој ќе се определи за поситен или пак покрупен песок...

Но, кога ќе ги прашате туристите каде најмногу сакаат да се капат и сончаат, во поголем дел од случаите ќе слушнете еден одговор - на розовите плажи.

Како настанува розовиот песок?

Има повеќе теории и објаснувања на овој феномен. Според едни, розовиот песок настанува како последица на ситнењето на парчињата од розовите корали. Додека пак други тврдат дека розовиот песок е само оптичка илузија и дека ја добива таа боја навечер кога црвеното сонце почнува да „умира“ во морето.

Според трети, за розовата боја на песокот заслужни се микроспокските организми фораминифери кои живеат во внатрешноста на розовите школки и кои се мешаат со розовите корали и калциум карбонатот.

Во Европа розови плажи има на четири места, а тоа се:

Елафониси

Се наоѓа на Крит и од градот Ханија е оддалечена на еден час возење со автомобил, но кој ја посетил оваа плажа вели дека навистина вреди да се ужива таму. Туристите велат дека биле восхитени меѓу розовиот песок и бескрајното морско синило.

Сес Илетес

Во Шпанија, недалеку од Ибица се наоѓа островот Форментера. Покрај тоа што на него никогаш нема метеж, па може да се одморите во вистинска смисла на зборот, на островот се наоѓа и плажата Сес Илетес која што е исклучително позната меѓу јавните личности. До овој рај на земјата богаташите стигнуваат со јахти.

Балос

Една од најпопуларните грчки плажи позната е по малите базени со солена вода и тиркизната вода, но и плажата со розов песок. Островот Балос го обожуваат романтичните парови, а него го посетиле и принцезата Дајана и принцот Чарлс во текот на нивниот меден месец во 1981 година.

Будели

Розовиот песок кој ја краси оваа плажа во Италија е скапоценост. Будели е опкружена со тиркизното море, исполнета со вегетација и розови карпи, а особена атракција е единствената розова плажа која е вистински бисер. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг