Проѕирни материјали и високи шлицови: Ревијата на „Mugler“ со ненадминлив сексапил на чело со Ирина Шајк и Бела Хадид

Точка

06/04/2021

12:12

3.750

Големина на фонт

а а а

Колекцијата на модната куќа „Mugler“ за пролет/лето 2021 година е прикажана преку краток филм и незаборавен од по писта на некои од најголемите имиња на светскиот моделинг, на чело со Ирина Шајк и Бела Хадид.

Сите учеснички на ревиите носеле по неколку футуристички модели и се движеле на необичен начин - снимката е емитувана наназад, тие танцувале, изведувале салта, скокале и хипнотизирале со сензуални движења во ритам на музиката.

„Отсекогаш сум сакал моделите да заиграат на писта или да направат нешто, но тоа е голем ризик кога имаме ревии во живо. Пистата е интензивна и страшна, публиката е често уморна, но кога снимате филм можете да си поиграте и да ги менувате работите“, вели креативниот директор на „Mugler“, Кејси Кадваладер.

Во колекцијата се претставени интересни модели, спој од спортски стил и долна облека, а доминантен материјал е рециклираната ликра. Најголем впечаток од сите присутни несомнено оставија моделите кои ги носеле главните ѕвезди на ревијата - Ирина Шајк и Бела Хадид.

Прекрасната Русинка на која навикнавме да ја гледаме во нејзините „street style“ изданија и во улога на мајка на њујоршките улици, носела необична комбинација од чорапи со подвезици и сако со проѕирни детали, елегантен црн фустан со длабок шлиц и ефектен двобоен комплет од џинс.


Хадид, од друга страна, прошетала по пистата во потполно проѕирен топ со долго здолниште, мини фустан и фармерки комбинирани со проѕирна блуза, украсена со две црни ленти.