
Се продава секои две минути - ова е најпопуларната нијанса на кармин во светот
Многумина веројатно би помислиле дека се работи за некоја впечатлива црвена нијанса, но статистиките покажуваат нешто сосема поинаку.
Најбараниот, најпопуларниот, најкупуваниот кармин во светот (макар во последнава година) е нијансата Pillow Talk. Се работи за нуд нијанса, која одговара на тонот на кожата, има мат формула и убава ја нагласува природната убавина на истата.
Неа всушност ја популаризираше британската визажистка Шарлот Тибури, која ја имплементираше во својата линија производи, односно сопствениот бренд.
Оваа 48-годишна Британка верува дека секоја жена заслужува да се чувствува и да изгледа како најдобрата верзија од себе, а тоа ќе го овозможи токму вистинската шминка.
Покрај модните блогерки, голем број и од познатите дами ја користат токму оваа нијанса, а една од нив е и Меган Маркл.
Ова е нијансата која ја носеше на кралската венчавка со принцот Хари, а и многу други нивни појавуања. Нејзиниот избор тогаш беше кармин од брендот „Диор“, но нијансата е таа.
Па еве добра идеја како да изгледате свежо и во каква нијанса на кармин да инвестирате пролетва.