(Епизода 3) „Дали сте знаеле дека“ - со Тијана Скулиќ: „Возам кола скришно 15 години, среќа што...“

Точка

24/03/2021

22:57

21.779

Големина на фонт

а а а

После водителот Димитар Атанасовски, заљубениот музички пар Марија и Бојан од „EyeCue“, ви носиме малку познати факти од животот на младата Тијана Скулиќ.

Тики е градски скопски лик, Инстаграм 'фаца', екстремно талентиран готвач и позитива на денот.

Во последниов период можеби и повеќе од обично е 'во очите на јавноста' поради нејзината релација со водителката Миа Костова. Нивната блискост постојано ги интригира љубопитните фанови, но, овојпат за Тики откриваме нешто досега непознато за нејзиниот приватен живот.

Сигурно не сте знаеле дека Скулиќ 15 години вози автомобил без возачка дозвола. Среќа ова нѝ го кажа пред да полага градска, сега во петок.

Сите кои ја следат на Инстаграм, знаат дека буквално е опседната со готвење, па постојано објавува разни специјалитети кои ретко ќе се сетиме да ги зготвиме сами, наместо да ги порачаме во ресторан. Обожава природа, сака адреналин, но во умерена доза, сака спорт...

Погледнете ја третата епизода на „Дали сте знаеле дека“, во која, слушајќи ја омилената песна на Тијана, ќе дознаете работи кои досега сигурно не ви биле познати за неа.

ЕПИЗОДА 1: „Дали сте знаеле дека“ - со Димитар Атанасовски

ЕПИЗОДА 2: „Дали сте знаеле дека“ - со Бојан и Марија, директно од Лондон: „Ние сме 14 години разлика. На почетокот беше скандалозно, но потоа...“

Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk