Точка ТВ: Необична случајност: На секои 100 години светот се соочува со пандемија

Точка

25/04/2020

17:04

9.985

Големина на фонт

а а а

Станува збор за навистина необична случајност која не може да помине незабележано – имено, светот на секои 100 години се соочува со епидемија која одзема илјадници, па дури и милиони животи.

Светот моментално се бори со коронавирусот, пандемијата на Ковид-19 се прошири насекаде низ светот и се уште во некои земји нема знаци на смирување. Иако поточно овој вирус за прв пат се појави кон крајот на минатата година, сепак ситуацијата ескалираше во текот на оваа година, а тоа се поклопи со пандемии кои четири векови наназад горе-долу во истиот период го погодувале светот.

Во 1720-та година во францускиот град Марсеј се појавува „црната смрт“ – чума која за среќа беше последната бубонска чума на територијата на Стариот континент. Се проценува дека болеста однела над 100 илјади животи, а со над 50 илјади починати бил најпогоден токму Марсеј. Се верува деа болеста во градот ја донеле морнари кои претходно патувале на Кипар.

Речиси сто години подоцна, во 1820-та година во Азија избива пандемија на колера. Пандемијата избувнува најпрвин во Бенгал, по што експресно се шири низ целиот свет. Сепак, од пандемијата на колера најпогодени беа Индија, Кина и Индонезија. Се проценува дека од колера починале и до милион луѓе.

Стотина години подоцна, слично сценарио. Кон крајот на Првата светска војна, поточно во 1918-та година, се појавува шпанската треска која завршува во 1920-та година. Во тоа време кога медицината се уште не била доволно добро развиена, никој не можел да претпостави дека последиците од грип можат да бидат така страшни. Се проценува дека од „инфлуенца“ починале од 50 до 100 милиони лица.


Денес, 2020-та година, ширум светот беснее пандемијата на коронавирусот Ковид-19. Засега има многу нагаѓања, но научниците имаат еден општо прифатен став – човек го добил вирусот од лилјак во кинескиот град Вухан.

До денес, во светот има речиси 2,8 милиони заразени и речиси 200 илјади починати од Ковид-19.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk