Познатата водителка и сегашна инфлуенсерка, Миа Костова е првиот гостин кој ви го носиме директно од просториите на Точка.
Костова важи за лице кое што секогаш и секаде успева да го привлече вниманието, без разлика дали станува збор за нејзиниот приватен живот, за некоја изјава поврзана со моменталната состојба во земјата, па дури и да зборува за политичката ситуација во светот - веројатно интересот од публиката би бил ист.
Имено, поразговаравме со водителката за најактуелните теми и случувања во нејзиниот живот. Во медиумите неодамна одекна веста дека Костова е позитивна на Ковид-19, откако самата го потврди истото на Инстаграм, а потоа наиде на остри критики од дел од јавноста. Со оглед дека инфлуенсерката јавно споделува како ѝ поминува секојдневието, таа имаше објави од забави во познати скопски локали, за што подоцна беше остро искритикувана од јавноста, а лутината на дел од нив отиде дотаму што дури ѝ порачаа дека 'сама си ја барала заразата'.
Љубoвниот живот на Миа постојано е во главен фокус, иако таа со сите сили се обидува вниманието да го насочи на други нешта со кои се занимава. Но, неизбежни се прашањата колку Тијана е важна во нејзиниот живот, како функционираат како двојка, каква е релацијата со нејзиниот син Андрија...
Со Миа разгледувавме и фотографии од нејзиниот албум од детството, но оставаме на вас дали ќе успеете да ја препознаете.
Костова без влакна на јазикот одговори и на прашањата од читателите. Откако јасно ја објасни важноста на Тијана во нејзиниот живот, им се обрати и на сите нејзини 'хејтери' кои неуморно го следат секој нејзин чекор, а се присети и на најубавите моменти поминати со Андрија.
Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ