Меган Маркл изненади многумина во големото интервју со Опра Винфри, кога изјави дека таа и принцот Хари се венчале 3 дена пред официјалната церемонија која ја проследи целиот свет, но сега во јавноста „исплива“ документ кој јасно докажува дека тоа не е вистина.
Станува збор за нивниот венчален документ кој британскиот „The Mirror“ го добил од управата за водење на матичните книги.
Документот потврдува дека формалностите се случиле на 19 мај 2018 година во дворецот Виндзор. Службеникот кој ја изготвил дозволата за венчање на Меган и Хари вели дека војвотката очигледно е малку збунета во врска со бракот бидејќи изјавила дека тие се венчале во нивниот двор 3 дена пред споменатиот датум.
„Жал ми е, но Меган е очигледно збунета и погрешно информирана. Тие не се венчаа 3 дена претходно пред надбискупот од Кантербери. Специјалната дозвола која помогнав да се состави им овозможи венчавка во капелата Свети Џорџ во Виндзор, која се одржа на 19 мај 2018 година, која ја виде целиот свет и која беше официјална венчавка, признаена од англиската Црква и законот“, изјавил службеникот.
„Претпоставувам дека претходно можеби размениле некои едноставни завети кои самите ги напишале и ги кажале пред надбискупот, но тоа веројатно била обична проба“, додал поранешниот службеник на управата, Стивен Бортон за „The Sun“.
Меган ја изненади публиката кога ја откри наводната вистина за нивната венчавка пред Опра.
„Знаете, ние всушност се венчавме 3 дена пред нашата венчавка. Тоа никој не го знае. Заклетвите кои се врамени во нашата соба беа разменети само помеѓу нас двајца пред надбискупот од Кантербери, во нашиот двор“, кажа Меган во големото интервју.
„Бевме само тројца“, додаде Хари, потврдувајќи ја изјавата на Меган дека го замолиле надбискупот да ги венча насамо во нивниот дом, но Бортон сега им потврдил на медиумите дека тоа всушност не е можно и објаснил зошто.
„Тие не можеа да се венчаат во Нотингем затоа што тоа место не е овластено за венчавки и немало доволно присутни сведоци. Не е можно само 3 лица да бидат на венчавка, тоа не е валидна церемонија“, рекол тој и додал:
„Мислам дека војвотката е збунета и дека некоја потврда во облик на завет што стои на ѕидот не е официјална потврда за венчавка. Свадбата се одржа во капелата под услови предвидени со Законот за кралски бракови од 1772 година. За да можат да се венчаат, беше составена и посебна дозвола од кралицата со која таа одобри сè, вклучувајќи го и местото каде што ќе се одржи венчавката“.