Стилот на пејачката Ешли Робертс секој ден е сè подобар, а со последната модна комбинација, таа заслужи чиста 10-ка!
Овој аутфит наиде на воодушевување и кај модните експерти и кај нејзините фанови, а сите се сложни дека таа изгледа феноменално.
Пастелните бои се одраз на женственоста и романтиката, а во сезоната која е пред нас тие ќе бидат апсолутен хит. Овој стајлинг е како создаден за пролетните денови, а освен што изгледаaт феноменално, плетените фустани се и многу удобни.
Ваквиот фустан можете да го носите со потпетици, како што направила пејачката, но одлично ќе изгледа и во комбинација со сандали, па дури и платнени патики.