Медиумите го опишуваат Роберт Арон Лонг како мирно и религиозно момче, кое сака оружје и лов.
Осомничениот за убиството на осум луѓе рано утрово во Атланта е Роберт Арон Лонг. Ова 21-годишно момче од медиумите е опишано како мирно и религиозно момче, кое сака оружје и лов.

Пријателите кои оделе со него во училиште велат дека неговиот татко е свештеник во баптистичката црква и секогаш делувал повлечено ненасилно. Според увидот на профилите на членовите на неговото семејство на социјалните мрежи, Лонг редовно одел на миси и тоа со својата мајка и помладата сестра. Неговата мајка во црквата знаела да организира и кино вечери.
Во еден од статусите на Фејсбук, кој сега е избришан, Лонг го опишал своето второ крстење од 2018-та година.

"Како што знаат многумина од вас, на осум години мислев дека сум станал христијанин. Тогаш и се крстев. Се сеќавам дека го направив тоа во главно поради моите пријатели кои го правеа истото. После тоа немаше плодови од корењата кои се нашето спасение", напишал Лонг меѓу другото, пренесува порталот "Heavy".
Порталот "Daily Beast" пак пренесува негови зборови од Инстаграм.

"Пица, оружје, музика, семејство и Бог. Тоа е отприлика мојот живот. И тоа е добар живот", напишал на Инстаграм.
Учествувал во работата на студентската организација која "постои да им помогне на студентите да му дозволат на Исус да чекори со нив".











