Амбасадорот на Украина во Германија, Андреј Мељник, го повикал Берлин да направи сè за Крим да и биде вратен на Украина, велејќи дека тоа е "морален долг на Германија". Пратеникот во државната Дума на Русија, Виктор Водолацки, ги оценил зборовите на дипломатот како повик на Трета светска војна.
Мељник смета дека Германија има "морална должност да ја одигра одлучувачката улога по тоа прашање и дека Берлин му должи на Киев повеќе од 70 години - за тиранијата во Втората светска војна".
"Моралниот долг на Германија доаѓа од историската одговорност на државата кон Украина за нацистичката тиранија. Германија два пати по воен пат го окупирала Крим во последните 100 години", напишал Мељник во статија за "Berliner Zeitung".

Земајќи го во предвид нејзиното колонијално минато на Крим и милионите Украински жртви на фашистичкиот терор, дипломатот смета дека Германија е должна да ги употреби сите политички и економски инструменти за враќање на полуостровот во составот на Украина.
Пратеникот во Руската дума смета дека Киев повторно се обидува да го сврти Берлин против Москва, бидејќи Крим е руска територија.

"Изгледа дека Украина сака Трета светска војна. До тоа не дошол ниеден лидер на највисоко ниво, ниедна земја. Само Украина во своето лудило може да изјавува се што ќе и падне на памет", рекол Водолацки.
Рускиот пратеник нагласил дека Мељник не само што и прави услуга на Германија, туку со своите зборови ги навредил и жителите на таа држава.
Крим влегол во составот на Русија во март 2014-та година, по референдумот одржан по државниот удар во Киев.











