Народот го боли глава од немање вакцини, Рашковски од луксуз - колку чини одморот во Мексико на советникот на Заев?

Точка

17/03/2021

10:16

9.914

Големина на фонт

а а а

Драги Рашковски, секретарот на Кабинетот на премиерот Зоран Заев, потврди дека е во Мексико.

Според едни побегнал поради последниот корупциски скандал, а според неговата изјава за „Фокус“, отишол на одмор.

Како што пренесуваат медиумите, според непотврдени информации Рашковски е сместен во елитно мексиканско одморалиште „Cancún“, во „Hard Rock Hotel“.

„Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14-ти и таму ќе бидеме до 31-ви овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува“, рече Рашковски во изјава за „Фокус“.

Луксузните хотели во Мексико чинат цело богатство. Овде најголемиот дел од македонскиот народ не може да си дозволи ниту една ноќ да преспие. Рашковски со сопругата само за 2-неделниот престој ќе плати најмалку 7.000 евра, ако ја гледаме најниската цена понудена на „Booking“ за тој временски период.


Од друга страна вицепремиерот за борба со корупција, Љупчо Николовски, сè уште се нема одзвано во јавноста, откако синоќа функционери на ВМРО-ДПМНЕ реагираа на натписот на „Нетпрес“ дека тој е на одмор во Дубаи.

Според опозицијата, за време на пандемија, владини функционери не треба да одат на одмор во далечни егзотични дестинации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг