Микрофоните покрај теренот ја доловија комуникацијата меѓу Тухел и еден играч: Не ме разбираш?

Дерби

09/03/2021

11:18

723

Големина на фонт

а а а

Томас Тухел во последно време е прво име во медиумите низ Англија откако во краток период успеа да го препороди тимот на Челси.

Германецот ги презеде „сините“ од Лонодн кога тие беа на 9-та позиција на табелата, а сега со одличната серија резултати тимот на Челси стигна и до четвртото место и сериозно се наметна на конкурентите за пласман во Лигата на шампионите.

И покрај одличната игра на натпреварите и враќањето на формата на голем дел од играчите на клубот, Тухел чувствува потреба и да ги критикува своите фудбалери. Камерите и микрофоните покрај теренот уловија интересен момент во кој Тухел буквално се нафрла на Тимо Вернер кој очигледно ја немаше пронајдено својата позиција.

Се играше 26-та минута од натпреварот кога резултатот сè уште беше нерешен (0:0) и кога Тухел му викна на Вернер: - Тимо, колку време ќе останеш на левата страна? Ти играш десно! Последните 15 минути си само лево! Не разбираш ништо? ,- му викна Тухел, а видеото од овој момент брзо стана вирално на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг