Трикови за убавина стари илјадници години: Ова се тајните за убавина на Клеопатра со кои и денес дамите ширум светот се негуваат

Точка

06/03/2021

12:13

3.038

Големина на фонт

а а а

Овојпат ќе ви претставиме три ритуали за убавина кои што биле составен дел од рутините на Клеопатра, а кои што и денес се делотворни.

Со оглед на тоа што Клеопатра важи за една од најубавите жени на сите времиња, можеби и не е толку „лудо“ да се истражат ритуалите за убавина кои што се постари и од 2000 години.

Во продолжение дознајте кои се тајните кои се криеле зад третманите на древната египетска владарка и како да ги вклопите во козметичката пракса од 21 век.


1. Мед и млеко

Се верува дека Клеопатра својата негувана кожа ја одржувала со хранливите купки од магарешко млеко и мед, а наводно во Египет ја користеле оваа комбинација на состојки и за маска на лице. Многубројните современи козметички производи содржат млечна киселина, а за оваа купка потребно е во половина литар млеко од животинско потекло да додадете 5 големи лажици мед.

2. Сол од мртвото море

Мртвото море се смета за најголемиот природен спа центар на светот, а капењето во него, поради високата количина лековита сол се препорачува и на луѓето кои што имаат кожни болести и генерално проблеми поврзани со кожата. И Клеопатра била свесна за овие лековити својства, па мртвото море го користела во своите бјути рутини.


3. Египетска депилација

Во поголемиот дел од салоните за убавина може да закажете третман за египетска депилација кој што на помалку болен начин ќе ги отстрани влакненцата од вашето тело. Шеќерната паста е главната состојка на оваа метода. Таа е одговара на сите видови кожа и целосно ги елиминира влакната со природни состојки, а кожата ќе ви остане поздрава. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг