Овца со 35 килограми волна: Лутала по дивината, одвај се движела

Точка

25/02/2021

11:22

9.900

Големина на фонт

а а а

Снимката од оваа овца од Австралија го обиколила целиот свет. Оваа овца на себе имала волна тешка 35 килограми. Била пронајдена како лута низ Австралија, а на волонтерите им било потребно некое време да сфатат дека под необичното и огромно крзно всушност се крие овца. Веднаш ја потстрижиле и така и го спасиле животот.

Медиумите пренеле дека овцата по име Барак со години била во дивината. На основа на количината на крзно, заклучиле дека овцата веројатно не е стрижена најмалку пет години.

Количината на волна која бил отстранета од неа ја надминала онаа на новозеландската овца Шрек, која била фатена во 2005-та година откако лутала цели 6 години.

Кајл Бехренд од фармата "Вилата на Едгар", за "Reuters" изјавил дека изгледа дека Барак некогаш била овца во негова сопственост, но дека побегнала. Мерино овците мора да се стрижат најмалку еднаш годишно, бидејќи нивната волна продолжува да расте, пренесува "Guardian".

Овцата е пронајдена во државата Викторија, а спасувачите велат дека јадела трева. Пора тоа што со години не бил стрижен, волната на Барак целосно му го променила изгледот. Под толкав товар одвај се движел и тешко му било да види што се случува околу него.


За стрижење на обична овца потребни се околу десетина минути, но за новиот изглед на Барак потребни било повеќе од еден час. Сега закрепнува и се навикнува на новиот живот.

Барак е последна во долгата низа на овци кои дошле до насловните страни на светските медиуми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг