Втор дел 'тролања' на социјалните мрежи по враќањето на Мијалков: „Добар ден. Дали сте во Македонија?“

Точка

24/02/2021

22:19

12.684

Големина на фонт

а а а

Вчера во медиумите одекна веста дека поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, по кого беше распишана меѓународна потерница, сам се појави во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за да си го подигне решението за домашен притвор.

Имено, екипа на „ТВ24“ го пречека Мијалков и му направи кратко интервју во кое тој истакна дека бил во самоизолација, бидејќи имал висока температура и други симптоми на Ковид-19.

Како што вели и самиот, тој не знаел дека по него била распишана меѓународна потерница, и за тоа дознал вчера наутро. Попладнето одлучил (барем според неговите зборови) пеш да појде во Обвинителството да го подигне своето решение за домашен притвор.

И, се разбира, после завршувањето на оваа драма, на социјалните мрежи не стивнуваат коментарите. Граѓаните не веруваат во зборовите на Мијалков дека бил во самоизолација и дека не слушнал оти се бара под дрво и под камен, па на оваа тема објавуваат безброј 'тролови'.

Прв дел Твитови: „Трагикомедијата заврши! Социјалните мрежи горат по појавувањето на Мијалков: „Да не се разболиш, одма меѓународна потерница ќе ти извадат

Во продолжение вториот дел од најсмешните објави поврзани со ненадејното појавување на Мијалков. 





Спонзорирани линкови

Маркетинг