Мијалков се појави во Обвинителството: „Никогаш нема да побегнам! Имав висока температура, бев во самоизолација“

Точка

23/02/2021

21:20

10.001

Големина на фонт

а а а

Сашо Мијалков ненадејно попладнево се појавил во канцеларијата на обвинителката Вилма Русковска, пренесува „ТВ 24“.

Мијалков се појавил во Обвинителството за гонење организиран криминал за да си го земе решението за домашен притвор.

Тој во ексклузивна изјава за „ТВ24“ рекол дека не ја напуштил земјата, туку дека имал висока температура и не знаел дека има распишана потерница по него, иако дури и Интерпол се впушти во потера по Мијалков.

Во 16:45 се појавил во Обвинителството сам, без обезбедување, влегол од задната врата за да го земе решението за домашен притвор.

Мијалков изјавил дека имал симптоми на Ковид-19 и дека поради тоа бил еден ден во изолација, а како што пренесува „ТВ 24“, Мијалков делувал исцрпено. 

Сашо Мијалков ѝ се извини на целата македонска јавност за непријатноста и нагласи дека, исто како што нагласил претходно, никогаш нема да ја напушти државата.

Обвинителката Вилма Русковска за „ТВ 21“ потврдила дека Сашо Мијалков пристигнал во обвинителството. Рускоска вели дека Мијалков пристигнал сам во Обвинителството за да си го подигне решението за куќен притвор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг