Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Макфакс

21/09/2026

16:06

590

Големина на фонт

а а а

Регулаторната комисија ја објави новата структура на цените на горивата во Република Северна Македонија, со поевтинување на бензините и поскапување на дизелот, кои ќе важат од утре на полноќ.

Од ноќеска на полноќ ќе има нови цени на горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Бензините ќе поевтинат за 1,5 денар, а дизелот ќе поскапе за 5,5 денари.

Од 22.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 99,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 101,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,078 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,5 денар за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 7 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 денари за килограм и сега ќе изнесува 50,078 денари за килограм.