Трагикомедијата заврши! Социјалните мрежи горат по појавувањето на Мијалков: „Да не се разболиш, одма меѓународна потерница ќе ти извадат“

Точка

23/02/2021

21:22

11.945

Големина на фонт

а а а

Веста која го одбележа денешниот ден е појавувањето на Сашо Мијалков пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Имено, вчера беше распишана меѓународна потерница по поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, а тој во изјава за „ТВ24“ вели дека бил во самоизолација, со висока температура и дека не знаел оти се бара под дрво и под камен.

Како што вели, утрово дознал и веќе попладнево се појавил во Обвинителството за да си го земе решението за домашен притвор.

Видно исцрпен, со кратки одговори - Мијалков го даде своето интервју, со огромно внимание проследено од целата македонска јавност.

Меѓутоа, по завршувањето на 'претставата', Твитерџиите, а и корисниците на останатите социјални мрежи - ги уживаат своите '5 минути'.

Ви пренесуваме дел од објавите кои кружат на социјалните мрежи, а кои се сè освен сериозни и благонаклонети кон поранешниот прв човек на УБК.

А баш личи на човек кој последен во државава ќе дознае нешто.

Posted by Ина Еден on Вторник, 23 февруари 2021

Може телефонот му бил на полнач па не го видел. Мислам така многу девојки ми имаат кажано, се случува нели.

Posted by Филип Черноземски on Вторник, 23 февруари 2021

Сале се извини што нѐ вознемирил. 

Прифатено е друже, уживај. Извини ти што те мислевме несериозен ❤️

Posted by Симона Спировска on Вторник, 23 февруари 2021




Спонзорирани линкови

Маркетинг