Новото лице на корејскиот производител: Киа ја претстави новата лимузина, новиот дизајн и новото лого...

Точка

18/02/2021

20:42

3.631

Големина на фонт

а а а

Корејскиот производител ги објави првите фотографии од моделот К8 кој наскоро треба да пристигне на пазарот.

Киа К8 претставува освежување во поглед на дизајнот со новата, впечатлива маска од ладилникот, но и целосно новото лого.

Новото лого беше официјално претставено пред неколку месеци, а сега за првпат имаме прилика да го видиме на сериски модел.


Инаку, шефот на одделот за дизајн, Карим Хабиб изјави дека Киа, при обликувањето на овој автомобил, инспирација пронашла во модерните, технолошки напредни јахти. Впечатливиот дизајн продолжува и на задниот дел од автомобилот каде што доминираат ЛЕД светлата со навистина специфичен облик.


Иако станува збор за лимузина, со својот облик К8 потсетува на купе-лимузина. Корејците засега не објавија повеќе информации, како и фотографии од внатрешноста на автомобилот. Нови детали очеуваме наскоро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг