Точка ТВ: Која е Ана, девојката која беше жртва на скандалозната група „Јавна соба“?

Точка

28/01/2021

22:09

45.858

Големина на фонт

а а а

Скандалозната група „Јавна соба“ по една година повторно оживеа. Откако со месеци беше запрена активноста на членовите на групата кои јавно објавуваа експлицитни фотографии и на малолетни девојчиња, деновиве во јавноста повторно излегоа слични содржини, откако дел од жртвите алармираа за нови злоупотреби.

Една од нив е и 28-годишната Ана Колева, која на Инстаграм го сподели своето непријатно искуство, кое ја потресе јавноста. Нејзината објава ги крена и медиумите на нозе, а истата досега брои повеќе од 300.000 прегледи.

Денеска денот го посветуваме на храброста на Колева, јавно да зборува за вака чувствителна тема, нешто за кое порано малкумина го кревале гласот, барем овде, на нашите простори.

Ана утрово беше во просториите на Точка, каде ексклузивно зборуваше за својот живот. 28-годишната девојка живее сосема нормален живот, исполнет со авантури и нови искуства кои ѝ ги сервира животот, но ништо толку непријатно како случајот „Јавна соба“.

Запознајте ја Ана, младата девојка која со својата Инстаграм објава ја обедини цела нација и направи вистински 'бум' во јавноста и медиумите.

Воедно, премиерот Зоран Заев денеска се огласи на оваа тема и изјави дека ако Телеграм не го затвори каналот „Јавна соба“, ќе се размислува за забрана на оваа апликација во земјата.

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk