Ставен 'клуч на врата' на школата за глума: Сопругата на Алексиќ го одржала последниот час, еве како поминала разделбата пред училиштето

Точка

26/01/2021

21:21

7.363

Големина на фонт

а а а

Школата за глума на Мика Алексиќ, „Ствар срца“, денеска официјално престана со работа, пренесува српски Курир.

Во училиштето е одржан и последниот час, а сопругата на Мирослав Алексиќ, Билјана Масиќ, ја напуштила зградата во која се наоѓа споменатата школа.

Таа со себе го повела и своето куче, а при напуштање на зградата не им се обратила на новинарите.


Да потсетиме, Мика Алексиќ неодамна јавно го обвинија актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ за сексуално злоставување, заедно со други девојки кои не сакале да го откријат идентитетот за јавноста, додека голем број познати личности јавно им пружија поддршка.


Една од нив беше и нашата Тијана Дапчевиќ.

Алексиќ е приведен додека Милена и Ива давале искази во судот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг