Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот се чекаат детали во однос на цената и на испораката.
„До крајот на неделата верувам дека сите овие информации ќе ги имаме. Мораме да работиме на сите полиња за да обезбедиме интегрален процес, без пауза од моментот кога ќе почне имунизацијата“, вели министерот.
Филипче додаде дека властите во меѓувреме остануваат посветени на реализација на набавките за вакцините преку механизмот Ковакс и во директните набавки од компанијата „Фајзер“, но факт е дека компаниите се соочуваат со проблеми во испораката и доцнење на вакцините во целиот свет и во Европа.