За врвен впечаток: Десет докази дека виолетовата и сивата се одличен спој во уредувањето на домот

Точка

22/01/2021

12:38

1.543

Големина на фонт

а а а

Безвременската, чиста и постојана сива е една од боите кои најчесто ги бираме за внатрешна декорација, а доколку сакате да внесете друга посилна боја, виолетовата може да биде совршен избор.

Замислете сив ѕид и виолетов тросед за седење - тоа изгледа како одлична комбинација.

Сивата, неутрална и избалансирана боја, симболизира сигурност, софистицираност, мудрост, зрелост и женска сила. Сивата е одлична за комбинирање со силни бои во ентериерите, бидејќи ги истакнува, но и ја омекнува нивната цврстина и ги неутрализира. Сивата боја која преоѓа во сребрена е идеална за украсување на сите простории. Ова е една од ретките бои што има асоцијативна, но нема емотивна вредност, бидејќи не предизвикува емоции.


Виолетовата боја ги симболизира правдата и достоинството и со текот на годините стана симбол на родовата еднаквост и силата на жените. Исто така се поврзува со борбата за право на глас на жените во Велика Британија на почетокот на 21-от век. Виолетовата е создадена од комбинација на топлата и енергична црвена и ладната сина боја, а има својства на двете бои. Нејзините потемни нијанси се многу впечатливи и енергични, а посветлите смируваат.

Колку добро се комбинираат виолетовата и сивата боја кога станува збор за уредување на ентериерот, може да видите и на фотографиите. Една од идеите може да биде виолетов тросед со сиви завеси или сив ѕид, а ако уште не сте спремни за поголеми парчиња мебел во виолетова боја, за почеток поиграјте си со деталите, па комбинирајте сиво ќебе и виолетови перници.





Спонзорирани линкови

Маркетинг