Ремек дело: Запознајте го Ace Coupe EV, електричен автомобил со безвременски ретро изглед

Точка

25/12/2020

15:38

3.377

Големина на фонт

а а а

Alpha Motor Corporation го претстави Ace Coupe EV кој со својот дизајн нѐ враќа во минатото.

Експанзијата на електричните автомобили влијаеше и на дизајнерите, па овие возила најчесто имаат футуристички изглед. Сепак, Alpha Motor Corporation имаат поинаква замисла, па така Ace Coupe EV е електричен автомобил чиј дизајн е инспириран од моделите од 70-тите години од минатиот век.

Освен првичните рендери, засега нема премногу детали за овој електричен автомобил со должина од 4,2 метри.


Иако автомобилот има и задна клупа, практично е двосед, затоа што задните седишта не се премногу функционални.


Дизајнот во внатрешноста е минималистички во ретро стил, а најмногу се истакнува централно поставениот екран на кој возачот ќе ги добива сите потребни информации за возилото и околината.


Повеќе технички детали за овој автомобил очекуваме наскоро, како и плановите на калифорниската компанија за негово производство.





Спонзорирани линкови

Маркетинг