Војската на Карабах изгубила контакт со неколку воени пунктови: Се обидуваат да утврдат дали ги заробиле азербејџанските сили

Точка

16/12/2020

10:06

2.659

Големина на фонт

а а а

Војската на Карабах соопштила дека изгубила контакт со неколку воени пунктови во правец на Хадрут.

„Синоќа, од непознати причини, изгубен е контакт со војници од неколку воени пунктови кои се наоѓаат во селата Хин Тахер и Хцаберд, во Хадрутската област. Цела ноќ и утрово продолжува во потрагата по нив“, се наведува во соопштението, објавено на страницата на војската на Карабах на Фејсбук.

Како што се наведува, со посредство на руските мировници, се обидува да дојде до информации дали биле заробени од азербејџанската армија.


Некои медиуми пишуваат дека исчезнале дури стотина војници.

Да потсетиме, Ерменија минатата недела ја обвини Азербејџан дека повторно покренала борбени дејствија во Нагорно-Карабах, баш во Хадрутската област. Руската мировна мисија во Карабах соопштила дека ситуацијата се смирила.