Есенскиот и зимскиот период се најповолни за здравствени проблеми, луѓето постојано се мачат со некакви настинки, воспаление на грлото, крајниците.
Но, овој рецепт од руската традиционална медицина е одличен за лечење на воспаление на грлото како и отечени и болни крајници, а истиот многу едноставно се прави.
За подготовка се потребни само 1 поголемо цвекло и алкохолен оцет (9%).
Природниот лек се подготвува на следниот начин:
- Изрендајте го цвеклото на ситно. На околу 250 грама изрендано цвекло додадете една лажица од оцетот (на 500 грама изрендано цвекло - 2 лажици оцет).
- Помешајте ги убаво состојките за да се соединат, а потоа оставете ги да отстојат 15-20 минути.
- Смесата добро исцедете ја низ газа или пак пластична цедилка. Остатокот од цвеклото фрлете го во корпа за отпадоци.
Начин на употреба:
Мијте го вашето грло на секои 2-3 часа во текот на денот (можете и да ја голтнете течноста за подобар ефект), а резултатите нема да изостават.
Инаку, на овој начин цвеклото успешно го лечи хроничното воспаление на грлото како и гнојната ангина.
Обидете се!