Ријана 'фатена' со новото момче! Го оставила милијардерот за долгогодишниот пријател и рапер

Точка

05/12/2020

21:47

5.199

Големина на фонт

а а а

Поп пејачката Ријана е во емотивна врска со долгогодишниот пријател, раперот Роки, а сега папарацо фотографите успеале да ги 'уловат' заедно.

Тие двајца се обиделе да поминат незабележано, но планот не им успеал.

Веста следи неколку дена откако „Њујорк Пост“ објавија дека парот бил забележан на вечера во њујоршки ресторан.

Гласините започнаа откако Ријана во јануари ја раскина 3-годишната врска со милијардерот Хасан Џамил. И додека некои медиуми тврдеа дека се гледа со раперот, други порачуваа дека е сама, пренесува „People“.


Асап Роки и Ријана се добри пријатели долго низ годините. Раперот настапувал на отворањето на нејзините концерти за време на нејзината турнеја „Diamonds World Tour“ во 2013-та година. Роки ја испеал со неа песната „Cockiness“.

Инаку, парот бил виден и во 2018-та година, на модна ревија во Париз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг