[ФОТО] Бујните гради во прв план во „жешкото“ видео на пејачката: Еве како поп дивата ги повикува граѓаните да гласаат на изборите во САД

Точка

05/11/2024

17:58

1.342

Големина на фонт

а а а

Во тек се претседателските избори во САД, а Бијонсе ги искористи својата популарност и влијание на социјалните мрежи за да поттикне што повеќе Американци да гласаат.

Не е тајна дека Бијонсе е голем поддржувач на демократската кандидатка, Камала Харис, којашто ја поддржа преку нејзиното појавување на митингот во Тексас. Бијонсе сега истото го направи, но по пат на социјалните мрежи и на атрактивен начин.


Пред само неколку часа поп дивата објави компилација од атрактивни фотографии на Инстаграм и со тоа ги повика граѓаните на САД да гласаат за „иднината“ на нивната земја.


Како што може да се забележи, Бијонсе го искористила ликот и делото на сексапилната Памела Андерсон со цел да го привлече вниманието на своите следбеници, а судејќи според коментарите успеала во својата намера.


Покрај платинесто русата коса – заштитниот знак на познатиот секс симбол од деведесеттите години, фотографиите кои ги објави Бијонсе, исто така ги истакнуваат нејзините бујни гради и нејзината прекрасна фигура.


Но дали нејзиниот ангажман како претставник на Демократската партија ќе вроди со плод, ќе дознаме по завршувањето на изборниот процес во САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг