Орбан ги пофали Британците затоа што брзо ја одобрија вакцината: Тоа е шлаканица за Европската унија

Точка

04/12/2020

18:59

1.832

Големина на фонт

а а а

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја пофали Велика Британија затоа што британските власти за кратко време ја одобрија вакцината против коронавирусот, а Европската унија ја критикува затоа што е пребавна во врска со тоа прашање.

„Тој кој ќе ја напушти Европската унија оди по својот пат, пронаоѓа сопствени решенија и може да го заштити здравјето и животите на своите граѓани побрзо, од ние кои што останавме во Европската унија“, изјави Виктор Орбан.

Премиерот на Унгарија порача дека брзото британско одобрување на вакцините на „Фајзер“ и „Бајонтех“ е „шлаканица“ за Европската унија.


Споменатите фармацевтски гиганти оваа седмица поднесоа барање за одобрување на нивните вакцини, но регулаторното тело на Европската унија се уште ја нема одобрено вакцината, исто како и регулаторното тело во Соединетите Американски Држави.

Велика Британија е првата и засега единствената земја која ја одобри таа вакцина. Од земјата најавија дека наскоро започнуваат со кампања за масовна вакцинација на населението.