Ќе се вакцинира во емисија во живо: Британскиот министер за здравје сака на луѓето да им го разбие стравот од вакцина против коронавирус

Точка

04/12/2020

09:51

1.123

Големина на фонт

а а а

Британскиот министер за здравје, Мет Хенкок кажал дека ќе ја прими вакцината Фајзер Бајонтек во живо во емисијата „Добро утро, Британијо“, заедно со водителот Пирс Морган.

Хенкок во утринските вести зборувал за тоа дека вакцината Фајзер и Бајонтек е одобрена за употреба во Велика Британија.

Имунизацијата би можела да започне за неколку денови за луѓе од високо приоритетни групи. Велика Британија веќе нарачала 40 милиони дози, а првите дози ќе пристигнат во Велика Британија во наредните денови.

Меѓутоа, многумина се загрижени поради сигурноста на вакцината, бидејќи, како што сметаат, настанала во краток временски период и изјавиле дека не сакаат да ја примат иако владините службеници тврдат дека е сигурна. Токму за да им го промени ставот на луѓето и да им ја докаже ефикасноста на вакцината, Хенкок се одлучил на овој потег.

И контроверзниот ТВ водител исто така нема дилема кога се работи за вакцината и ќе ја примат заедно во живо во емисија.

„Важно е кај луѓето да го ублажиме стравот од вакцината ако тој постои. Колку повеќе од нас се вакцинираат, резултатот ќе биде подобар и затоа одлучив да го направам тоа во живо. Важно е на луѓето да им се даде пример“, заклучил Морган. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг