Празната книга за италијанскиот политичар стана бестселер: „Не знаеме што би кажале за него“

Супермен

03/12/2020

18:12

3.164

Големина на фонт

а а а

Книгата за ултрадесничарскиот италијански опозициски политичар Матео Салвини е на врвот на најпродавани наслови на италијанскиот Амазон, иако содржи само празни страници.

Книгата „Зошто на Салвини треба да му се верува, да се почитува и обожува“ која опфаќа 110 празни страници и има цена од 6,99 евра, веќе со денови се наоѓа на врвот на листата на најпродавани книги на оваа онлајн продавница. 

„Книгата е полна со празни страници. И покрај долгогодишното истражување, не можевме да пронајдеме ништо што би рекле по тоа прашање, па затоа ве молиме, слободно искористете ја за свои белешки“, стои во описот на книгата.

Како автор е наведен „Алекс Грин – политички аналитичар“ и веројатно станува збор за псевдоним. Според Амазон, книгата е објавена од страна на приватна компанија во февруари 2019 година.

Очигледната шега го привлече вниманието на многу италијански медиуми, а критиките на Амазон се претежно позитивни. Просечната оценка на книгата за Салвини е 4,7 sвезди.

„Долго и напорно читање, но вредеше“, напишал во коментари еден потрошувач.


Но сепак, на некои не им се допаднала ваквата шега.

„Ви пишувам само за да ви кажам дека станува збор за празна книга продадена во заговор со левичарскиот Амазон само за забава на левичарите“, напишал еден маж кој ја оценил книгата со една ѕвезда.

47-годишниот Матео Салвини е лидер на партијата Лига. Политичарот за кој општеството има поделени мислења е познат по неговиот остар став кон мигрантите и неговата наклонетост кон другите популистички лидери како американскиот претседател Доналд Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг