Го изменија законот пред масовната вакцинација: Граѓаните нема да можат да го тужат „Фајзер“ за нуспојави?

Точка

03/12/2020

23:15

6.070

Големина на фонт

а а а

Велика Британија го измени законот со цел да ја заштити компанијата „Фајзер“ која ја произведе вакцината против коронавирусот од потенцијални тужби.

Британската влада му одобри на фармацевтскиот гигант „Фајзер“ законско осигурување со цел компанијата да биде заштитена од тужби. Овој потег доаѓа во пресрет на регистрацијата на вакцината, една седмица пред да започне процесот на масовна вакцинација во земјата.

Одделението за здравство и социјална заштита потврди дека компанијата добила осигурување која ќе ја штити од правни постапки доколку дојде до било какви проблеми со вакцината, пренесува „Индепендент“.

Според британските власти, ова ќе им овозможи заштита на производителите на вакцините, како и на здравствените работници кои ќе го извршуваат вакцинирањето.


Да потсетиме, Велика Британија во вторникот ја употреби вакцината на компаниите „Фајзер“ и „Бајонтек“ и тие ќе можат да се користат веќе следната седмица. Агенцијата за лекови и здравствени производи ја одобрија употребата на вакцината според одредбата 174 од Прописот за хумана медицина од 2012-та година кој дозволува употреба на нелиценцирани лекови во итни случаи како што е пандемијата.

Директорот на „Фајзер“, Бен Озборн одби да даде коментар на прашањето зошто на компанијата ѝ е потребна законска заштита од тужби доколку нивната вакцина предизвика несакани компликации и нуспојави.

„Не сме во можност да откриеме ниту еден детал од било каков аспект на договорот, а посебно околу клаузулата на одговорност“, порача Озборн.




Спонзорирани линкови

Маркетинг