Обама на прашањето на новинарот за вонземјани: "Не можам да ви кажам...Извинете"

Точка

02/12/2020

20:50

3.113

Големина на фонт

а а а

Вистината е таму некаде, но нема да ја слушнете од Барак Обама. Поранешниот американски претседател рекол дека ја испитувал владата за вонземјаните и НЛО додека бил на функција. Но, рекол дека не сакал да зборува за тоа што му било кажано.

Обама оваа недела во интервју во емисијата "Late Show" со Стивен Колберт зборувал за доверливи информации кои ги добил во текот на својот престој во Белата куќа. Демократот потврдил дека прашувал за вонземјани, но бил воздржан за тоа што го знае, пренесува "RT". 

"Секако дека прашував" открил Обама кога Колберт споменал НЛО. "И?", инсистирал новинарот. "Не можам да ви кажам", одговорил Обама и со блага насмевка додал: "Извинете".

Колберт воздржувањето на Обама го сфатил како потврда дека не сме сами во универзумот. "Во ред, ќе го сфатам тоа како да", рекол Колберт. "Бидејќи ако немаше вонземјани, ќе кажевте дека нема. Само што ја одигравте вашата рака. Мислев дека играте покер. 100 проценти ја покажавте последната карта".

Поранешниот претседател одлучил да не додава ништо посебно на овој драматичен заклучок на Колберт. "Слободно мислете така", рекол Обама.

Обама не е единствениот поранешен американски претседател кој зборувал на тема вонземјани на ток-шоу. На почетокот на оваа година Бил Клинтон му рекол дека Џими Кимел дека не би се изненадил ако постојат вонзејмани.

Клинтон исто така демантирал дека американската влада држела вонземјани во воздухопловната база Област 51 во Невада. "Веднаш пратив луѓе да проверат дали има таму вонземјани. Нема."




Спонзорирани линкови

Маркетинг