Оваа земја се наоѓа на 9-то место на најсигурни во светот, имаат божествено кафе, уникатни пејзажи – пет причини зошто треба да ја посетите

Точка

02/12/2020

10:45

6.152

Големина на фонт

а а а

Со оглед на локацината на Блискиот исток, се прифаќа тоа што веднаш сте помислиле дека во Оман постојат само пустини и песок, па најдобро е штом имате можност да го посетите Оман и да се разубедите.

Оваа најстара независна држава во арапскиот свет, особено е традиционална и во неа нема да најдете облакодери, како ниту огромни трговски центри какви што има во Абу Даби и Дубаи.  

Таму времето е речиси совршено


Пустинската тропска клима подразбира и помалку дождови и многу топли лета. Температурите се движат до 36 степени, така што Оман најдобро е да го посетите во текот на летната сезона, кога температурите се многу потопли. За разлика од останатите блискоисточни локации каде што ноќите знаат да бидат поладни и со многу влага, Оман се наоѓа во пустина и ноќите се поподносливи.

Луксузно престојување


Доколку барате хотел со пет ѕвезди, како избор го имате хотелот „Чеди“, сместен веднаш во центарот. Тој е уреден во минималистички стил, а најдобриот опис за него би бил „прекрасен“, со три базени и неверојатен хотел на плажата.

Чуда на природата и нереални пејзажи


Со оглед на локацијата, таму има неверојатни сцени во кои што посетителите уживаат. Пустините таму имаат разновидни песочни дини, но од друга страна се наоѓа планината Хајар, а на северот постојат и фјордови.

Божествено кафе


Доколку сте љубители на црниот напиток, тогаш тоа ви е одлична причина да го посетите Оман. Каде и да седнете таму се нуди традиционално оманско кафе кое што се служи во мал филџан наречен „фењан“.

Исклучително сигурно


Оман има исклучително ниска стапка на криминал, со стоги морални и легални закони. Според податоците кои што се објавени, Оман има индекс на криминал од само 21.55 со што се нашол на деветтото место на најсигурни земји во светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг