53-годишна британска водителка реагира: Голите фотографии на Џенифер Лопез се токсични

Fashionel.mk

01/12/2020

13:01

2.908

Големина на фонт

а а а

Голите фотографии на Џенифер Лопез, кои беа најава за песната што веќе ја доживеа својата премиера, направија вистински бум на социјалните мрежи.

И додека повеќето се воодушевуваа на нејзините мускули, извајано тело и еротичност, дел сметаат дека само го зголемуваат притисокот на жените за совршени пропорции. 

Меѓу нив е и 53-годишната Улрика Џонсон, шведско-британска презентерка и водителка, која за весникот „Сан“ го напиша својот став, а ви го пренесуваме во продолжение: 

„Не можам повеќе да издржам, има нешто што навистина ме вознемирува. И не, не е згоден млад маж, туку константно и упорно бомбардирање со фотографии на познатите личности, на кои се прикажуваат нивните речиси совршени тела. 

Пред некој ден си плачев во себе, откако ги видов фотографиите на Џенифер Анистон, која има 51 година, како џогира во некој парк во САД. Но, обрнете внимание: таа е само ДВЕ години помлада од мене, но нејзиното тело изгледа подобро отколку што беше моето на 27 години. Нејзиното тело е тонирано, мускулесто, но женствено и нема вишок кожа, целулит или пак знаци на стареење. 


Да не почнувам со нејзиното лице, кое изгледа исто во последниве две децении. Изгледа заносно. 

Кога видов нејзина фотографија на која вежба јога, како дел од реклама за одреден пијалак, почувствував како некој да ми ја исцицал сета самодоверба што ја имам во мене. Чувствував како да тонам, буквално. Ми застана срцето. Искрено, почнав да се прашувам зошто воопшто да продолжи да чука. И да, ова можеби ви звучи драматично, но воглавно така се чувствував. 

Живееме во време на ѕвездите, каде се' се врти и е базирано на визуелното. Се' се поврзува со изгледот. 

Вчера пак, доживеав уште еден удар - Џеј Ло, која исто така има 51! беше фотографирана гола, сјајна, тонирана, женствена, цврста и моето чувство на безначајност беше доведено до највисоко ниво. 


Изгледа божествено на фотографиите за нејзината нова песна.  

Се почувствував исплашено. 

Видете, не сум глупава. Многу сум свесна дека овие жени имаат лични тренери, шминкери,готвачи, нутриционисти, персонал... а да не го споменувам Фотошоп.

Ги фотографираат најдобрите фотографи и не дозволуваат ништо да излезе без соодветен филтер. И јас да имав пристап до сите тие нешта, веројатно ќе видевте поинаква Улрика Џонсон на социјалните мрежи. 

Но, ова прикажување на совршенството сметам дека прави вистинска, реална штета. 

Доволно е лошо што една стара и збрчкана жена како мене се чувствува безвредно и заплашено, но истовремено сум загрижена и за влијанието врз сите жени, помлади и повозрасни, познати и „обични“. 

Како мајка на четири деца - две од нив млади девојки на возраст од 16 и 20 години, искрено сум загрижена за ефектот што овие фотографии со кои сме опкружени, ќе го имаат врз нив и нивното себевреднување. 

Тие можеби се преправаат пред мене дека се свесни за филтрите и дека овие фотографии понекогаш се далеку од реалноста, но исто така знам дека, длабоко во себе, ќе се погледнат во огледало или некое селфи и ќе се почувствуваат непривлечно. 

Мојата 20-годишна ќека Бо, пред некој ден ми рече: „Да имаш профил на социјални мрежи е најлошата работа на светот. Токсични се. Мора да ги гледаш тие тенки девојки, со совршени тела и едноставно се чувствуваш ужасно“. 

И тоа е знак дека таа се мери себеси со нејзини врснички.

Замислете тогаш, како се чувствуваат жените во повозрасните години - група на која јас дефинитивно припаѓам. 

Размислете како се чувствува една „обична“ жена, која можеби работи, можеби не, мајка е - или не, во менопауза или физички истоштена од домашните обрвски, грижата за семејството и финансиите.  

Да умееш да жонглираш со сите тие сегменти од животот и потоа, дури и да се дотерате во најубавата облека и си надобра шминка - се' уште нема да изгледате “доволно добро“. Не можам да ви опишам колку е тоа болно.  

Имам скромен инстаграм профил, кој ми дозволува контрола врз тоа како светот ме гледа и направив стратегија, одлука, да бидам во сосема природно издание и да се прикажам онаква каква што сум. 

Не користам филтри и поголемиот дел од времето дефитнивно изгледам повозрасно од тоа што навистина сум, односно како да имам повеќе од 53. 

Не користам шминка преку ден, затоа што искрено, по долги години минати со тешка шминка на тв ми здодеа. Тоа робување на совршенството мора да престане. 

Публиката која учествува на мојот инстаграм профил, (не можам да ги наречам следбеници - подобри се од тоа), велат дека е зрак свеж воздух и дека им се допаѓа чувството на реалност што им го нудам. Се чувствувам горда и благодарна за тие мислења. 

Но, нема да лажам, на моменти сум несигурна поради тоа и се плашам дека ќе ја загубам работата. 

Се прашувам и по малку плашам, бидејќи не изгледам “одлично, фантастично, спектакуларно“, дека можеби ќе бидам тргната од моите ангажмани, на сметка на некој што е опседнат со изгледот. Но, длабоко во себе знам дека морам да бидам искрена кон себе. Ова сум јас. Ова се 53. 

Секако, секој има право да биде „својата најдобра верзија“. Признавам, дека не би бил баш убав светот ако морате да гледате лица како моето насекаде. Но, се надевам, ќе биде убаво ако постојат луѓе кои кога ќе го видат моето лице ќе се чувствуваат подобро во врска со себеси. 

Славните и познати личности и инфлуенсерите мора да запомнат дека нивните платформи доаѓаат со одговорност. Создавањето нереалистични очекувања прави толку многу штета и тежнеењето кон совршенството навистина мора да престане. 

Зошто не сум фитнес љубител, зошто не сум тонирана или не изгледам свежо? Зошто мојата кожа не сјаје? Кога ги гледав фотографиите на Џенифер Анистон пред неколку дена, се фатив како се прашувам кои се моите изговори зошто јас не изгледам така. 


А потоа се потсетив дека имам други работи во животот кои ми се приоритет. Направив избор да не си ставам притисок на себе. 

Но, потоа кога ја видов Џеј Ло толку сензационална, почувствував вина што изедов пакетче чипс - пронајдов утеха во тоа што се сетив дека и други жени ќе се чувствуваат исто како мене“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг