Мирисот на италијанската кујна во вашиот дом: Оригинален рецепт за лазањи со бешамел сос

Точка

24/11/2020

15:58

4.378

Големина на фонт

а а а

Овој рецепт за многумина е џокер картата кога очекуваат некои гости во домот. Пробајте го и уживајте во неговиот вкус!

Потребни состојки:

- 500 грама кори за лазањи; 
- 300 грама кашкавал. 

За бешамел сос:

- 60 грама путер; 
- 60 грама брашно; 
- 4 чаши млеко; 
- сол; 
- мелен бибер. 

За црвен сос:

- 3 главици кромид; 
- 1 кг. мелено месо; 
- 1.5 литри доматен сос; 
- 1 ловоров лист; 
- 1 лажица шеќер; 
- сол; 
- мелен бибер; 
- рузмарин; 
- босилок. 


Подготовка:

За црвениот сос на масло пропржете го ситно исечканиот кромид, додадете го месото, посолете, ставете бибер и динстајте околу 10-на минути.

Потоа ставете го и доматниот сос, додадете ловоров лист, босилок, рузмарин. Додадете сол и бибер, суви зачини по вкус, 1 мала лажица шеќер и оставете го да крчка на пониска температура околу 20 минути.

За бешамел сосост во длабок сад ставете го путерот да се растопи, потоа ставете го и брашното. Постепено додавајте топло млеко и мешајте за да не се создадат грутки.

Посолете и ставете бибер по вкус, мешајте додека смесата не стане густа.

Корите за лазања малку сварете ги. Во подлабок плех ставете малку масло за јадење, и распоредете ги корите за лазањи за да ја пополнат целата површина. Над корите ставете половина од подготвеното месо.

Над нив ставете една третина од бешамел сосот, нарендајте кашкавал, повторете ја истата постапка додека не ги потрошите состојките.

Печете на загреана рерна околу 30 минути. Пред крајот од печењето извадете го плехот и нарендајте уште малку кашкавал над лазањите, вратете го плехот уште пет минути во рерна.

Пријатно јадење!



Спонзорирани линкови

Маркетинг