Пепе се огласи за инцидентот со Алиоски, но не му се извини само на Македонецот

Дерби

24/11/2020

10:03

1.534

Големина на фонт

а а а

Николас Пепе заработи многу критики од фановите на Арсенал за својот непромислен потег на натпреварот против Лидс Јунајтед, кога на стартот на второто полувреме не можеше да го издржи констатниот притисок и перфектното бранење од Џани Алиоски, на кого му удри глава.

Поради овој потег, ѕвездата на Арсенал сосема оправдано беше исклучена и испратена на предвремено туширање, па покрај тоа што доби критики, па дури и закани од навивачите од Лондон, беше опоменат и од страна на менаџерот Микел Артета кој нагласи дека не смее да го остава тимот на цедило во таква фаза од мечот.

Најскапиот играч во историјата на Арсенал сега почувствува потреба да се огласи преку социјалните мрежи, но иако им се извини на фановите, и сите останати во клубот, го заборави нашиот Алиоски кој всушност доби удар во дадената ситуација.

– Вчера ги оставив на цедило моите соиграчи во клучен момент од мечот и нема изговори за моето однесување. Длабоко жалам и сакам да им се извинам на фановите, соиграчите, менаџерот и сите останати во клубот, – порача Пепе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг