Марота: Имавме среќа што не потпишавме со Лукаку

Дерби

29/04/2024

11:26

1.236

Големина на фонт

а а а

Интер беше најдобрата екипата во Серија А и сосема заслужно дојде до титулата, Скудето број 20. во неговата историја.

„Нероаѕурите“ вчера официјално го славеа овој резултат, успех со навивачите со тоа што не треба да се заборави дека пехарот официјално беше потврден минатата седмица со славјето во дербито со Милан.

Тоа беше уште едно плус задоволство за сите во Интер кои преку оперативецот Џузепе Бепе Марота имаа интересна изјава за Ромелу Лукаку кој сега е во Рома. Позната е приказната на Белгиецот кој лани како позајмен играч настапуваше во Интер и кога се изгледаше дека ќе потпише перманентен договор работите отидоа во друг правец и тој на крајот заврши на „Олимпико“.

- Постои една компонента во животот на која не се обрнува премногу внимание, тоа е среќата. Во тој случај имавме среќа.

- Не можам да сокријам дека тој беше наша цел, но работите отидоа во друг правец. Изградивме напад различен од првичните планови, но знаевме за вредноста на Турам и квалитетот на Лаутаро. Потоа ги вративме дома Санчез и Арнаутовиќ. Го имаме најдобриот напад, - порача Марота кој има јасни планови за иднина.

- Веќе размислувам за Скудетото број 21 за Интер и многу други цели за следната сезона како Лигата на шампионите и Купот на Италија. Понатаму, извонредното Светско клупско првенство. Има многу цели, но секогаш мислам дека Скудетото треба да биде приоритет бидејќи е многу тешко да се триумфира во Италија, - подвлече оперативецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг