Алмеида се „исклучи“: Тренерот на АЕК беснееше по поразот од ПАОК

Дерби

29/04/2024

11:24

1.195

Големина на фонт

а а а

АЕК доживеа болен пораз од ПАОК од 3-2 во дерби пресметката во првата лига на Грција, пораз кој ја прави супер интересна трката за шампионската титула.

Сега клубот од Солун има четири бода помалку од лидерот АЕК, но и натпревар помалку што значи може да дојде до минус еден што е гаранција за пеколна завршница на шампионатот.

По последниот судиски свиреж во фокусот се најде тренерот на гостите, Матијас Алмеида кој беше многу нервозен и едноставно се „исклучи“, па се фати за гуша со секој кој му дојде на патот, противнички играчи, официјални лица…



Спонзорирани линкови

Маркетинг