На тајна венчавка во Бруклин 7.000 луѓе без маски! Снимки кружат на интернет, Куомо бесен: Огромно прекршување на законот и непочитување на граѓаните

Точка

24/11/2020

09:36

4.357

Големина на фонт

а а а

Хасидска синагога во Бруклин била домаќин на свадба на која присуствувале 7.000 луѓе без маски среде пандемија на коронавирусот, пренесува „Њујорк пост“.

На снимките може да се види преполната синагога Сатмар, која може да прими 7.000 луѓе, а настанот се случил на 8-ми ноември.

„Треба да се спроведе истрага во врска со наводите дека била одржана венчавка на која илјадници гости биле без маски“, рекол гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, пренесува „AP“.

Тој додал дека доколку навистина се случило тоа, станува збор за 'огромно прекршување на законот'.

„Тоа што е направено е илегално. Исто така, се работи за непочитување на граѓаните на Њујорк“, додал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг