Хотелот „Azulik“ е вистинска луксузна оаза на крајбрежјето на Карипско море кој што ќе ве остави без зборови.
Конструиран е од страна на племе, а хотелот во целост е направен од традиционални и природни материјали, за својата архитектура беспрекорно да се интегрира со околните пејзажи.
Во својата понуда хотелот има 48 вили кои што се наоѓаат на самиот раб на плажата или пак во срцето на шумата, а тие настанале како резултат на совршеното совпаѓање помеѓу природата и уметноста.
Отсуството на интернет конекција и електрична енергија ќе ви овозможи единствено искуство, далеку од вашиот секојдневен живот за повторно да се поврзете со природата, но и со самите себе.
Хотелот нуди вистинска авантура низ своите активности - спа третмани, медитации, јога, церемонии кои што ги спроведувале предците...
Овие активности ќе ви овозможат повторно да се фокусирате на вашето тело и вашиот ум низ четири елементи: вода, воздух, оган и земја.
Во поглед на гастрономијата хотелот располага со луксузни ресторани кои што се најголеми на планетата. Мешавината на јапонската и мексичката култура го родила ресторанот „TSEEN JA“.
Покрај еколошки одговорниот пристап, хотелот отворил и своја уметничка галерија за промоција на локалните и меѓународните креации. Водени по авангардните вредности, уметниците претставени во галеријата нудат визија за светот со почит кон природата и луѓето.